Претставници од Пливачката федерација на Република Македонија, денес во Охрид разговараа со координативното тело формирано од локалната самоуправа за поддршка на маратонот.
Се договараат последните детали пред почетокот на 28от Охридски пливачки маратон. Организаторите од Пливачката федерација на Македонија, во процесот на подготовка на годинешното издание на оваа наша значајна спортска манифестација добива и логистичка, но и финансиска поддршка од Локалната самоуправа од Охрид. Секретарот на општината, Димитар Спасески не информираше дека е формирано Координативно тело кое постојано работи со цел годинава да имаме добро организиран маратон. Координативното тело во чиј состав влегуваат сите јавни претпријатија од градов како и Сојузот на спортови од Охрид, денес воедно оствари и средба со претставници од Пливачката федерација на Македонија, на која средба треба да ги дефинираат последните детали околу Охридскиот маратон. Инаку Големиот маратон е закажан за оваа сабота 23ти Август, со почеток во 12 часот, на патеката почнувајќи од Свети Наум, до градското пристаниште.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град