И оваа учебна година нема да има средно музичко образование во Охрид

Средно музичко образование и оваа учебна година нема да има во Охрид. Иако уште минатата есен градоначалникот Никола Бакрачески најави дека од оваа година во Охрид покрај основно ќе има и средно музичко училиште, ништо од тоа. Директорката на ОМУ „Методи Патче“, Нина Момировска објаснува дека работите закочиле во Министерството за образование.

 |  Јаковлева Лионела  | 
muzicko
музичко

И оваа учебна година музичките таленти нема да можат своето средно образование да го продолжат во Охрид. Иако уште минатата есен градоначалникот Никола Бакрачески најави дека од оваа година во Охрид покрај основно ќе има и средно музичко училиште, ништо од тоа. Директорката на ОМУ „Методи Патче“, Нина Момировска објаснува дека тие преговарале со средното училиште во Битола за  да отворат  дисперзирана паралелка во Охрид, но не наишле на позитивен одговор. По се изгледа битолчани се исплашиле омузичкод конкуренција. Преговорите ги продолжиле со средното музичко училиште од Штип. Од таму дале зелено светло па заедно со „Методи Патче“ изготвиле елаборат кој го предале до Министерството за образование.

Елаборатот беше предаден во март до Министерството за образование, но во конкурсот за отварање на нова паралелка за запишување на ученици во средно образование кој излезе во месец април немаше одобрена паралелка во Охрид. Сеуште немаме добиено одговор зошто  е тоа така, вели Момировска.deca

Ние не се откажуваме од оваа дамнешна идеја, вели директорката, бидејќи постои голем интерес за отварање средно музичко училиште кај учениците, додава таа.

-Ние ќе сме упорни и ние и Локалната. Ако не овој септември од наредниот ќе се отвори паралелката, потенцира Момироска.

Момировска објаснува дека просторни услови за нова паралелка има, а има и соодветен кадар кој би ги спроведувал предавањата. Тука би се изучувале иструментите саксофон, обоа, хорна, а ќе има часови и по соло пеење. Останатите општи предмети би се изучувале во Гимназијата Св. „Климент Охридски“.
Во моментов, оние ученици кои сакаат да го продолжат своето музичко образование патуваат во средното државно музичко училиште во Струга, Битола или во Скопје, а голем дел од тие кои сакаат музички да се дообразуваат се откажуваат од тоа поради патувањето и одделеноста од домот, раскажува директорката.
Со отварањето на средното образование во Охрид овој проблем би се надминал, потенцира Момироска.{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top