Посетата беше со цел да се информираат како тече изградбата на канализациониот систем.
Овој проект е еден од дваесеттината проекти кои се реализираат со европската инвестициона банка, проект кој беше дел од програмата на градоначалникот, поддржана од Владата на Република Македонија. Градоначалникот Бакрачески информираше дека една третина од целиот зафат е веќе завршена, а најави дека до Март следната година ќе биде завршена и пуштена во употреба втората и третата фаза од изведбата на канализациониот систем во Лескоец. Министерот за транспорт и врски, Јанакиески пак потенцираше дека согласно договорот со градежната компанија, во месец Април се очекува да завршат градежните работи на канализациониот систем во должина од 7, 2 километри вреден 66 милиони денари.
Во моментот скоро 30% од градежните работи се завршени, односно околу 2,5 километри канализациона мрежа е поставена. Со оваа инвестиција треба да се реши големиот проблем кој го имаа жителите на селото Лескоец и за кој години наназад бараа надлежните да го решат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град