Кривични пријави за злоупотреба на службена положба за две лица од Секторот за комунални дејности.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица Е.С.(59), раководител на Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици и З.Ш.(48) советник во Сектор за сообраќај во општина Охрид, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во 2006 година, градоначалникот на општина Охрид донел решение за градење на фекална и атмосферска канализација, што требало да поминува низ приватен имот, сопственост на Џ. А. По ова, Е.С. во периодот од 2008 до 2010 година и З.Ш. од 2009 до 2012 година иако знаеле дека имотно правните односи каде што требало да поминува канализацијата не биле решени, истите изготвиле и потпишале налози да се гради водоводна и атмосферска канализација и градење на улица.
Инаку во судска постапка е утврдено дека е предизвикана вкупна материјална штета од 81.740 евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град