Помал број првачиња во Охрид, родителите емигрираат во странство

Помал број првачиња во Охрид, родителите емигрираат во странство.

 |  Јаковлева Лионела  | 
школо
школо

Продолжува  намалувањето на  првачиња кои треба да се запишат во некое од 8-те  основни училишта во Охрид и околните селски населби. 660 деца кои се родени во 2008 година  во оваа учебна година треба да стартуваат во прво одделение, информираат од подрачната единица на министерството за образование.  Но, овој број  не се совпаѓа со бројот запишани првоодделенци во охридските училишта. Од општинското одделение за образование  потврдуваат  дека во моментов се запишани  511 првачиња. Состојбата е можно да претрпи мали измени затоа што во месец агуст ќе следува и вториот уписен рок. Родителите на повеќе од 100-тина деца не поднеле пријави за упис, па од надлежните институции веќе испратиле покани на нивните домашни адреси.
првачина

Од подрачната единица на министерството за образование напоменуваат дека од 100 -тината испратни покани потврден одговор добиле само од 20- тина родители кои допрва ќе ги запишат своите деца во училиште. За околу  80 ученици добиле информации дека родителите по разни основи го напуштиле грдот. Од нив голем е бројот на оние кои емигрирале во западноевропските земји, САД и Австрaлија.  

Инаку, според податоците од одделението за образование при Локалната самоуправа се гледа дека скоро во сите осум училишта во Охрид и охридско опаѓа бројот на запишани првоодделенци. Мал исклучок  од овој тренд има во населбата Рача, односно  во подрачното училиште „Григор Прличев“, потенцира Силвија  Мојсоска , директор на училиштето Григор Прличев.

првачина

„ Во прво одделение се запишани 135 ученици. Зачудува што поголем број има во населбата Рача. До лани се запишуваа по 10 ученици, а во оваа учебна година има 16 првоодделенци“, кажува Мојсоска.

Во учебната 2014 /2015 година најголем број првачиња се запишале ОУ  Христо Узунов 129, во ОУ „Братство и Единство“ се запишани 57 ученици во македонските паралелки, 13 во турските и 34 во албанските паралелки. Во „Ванчо Николески“ 39 првачиња, „ Григор Прличев“ 125, „ Живко  Чинго“  22, „Кочо Рацин“ 40, „ Св. Климент Охридски“ 28 и во „Св. Наум Охридски“ во Пештани 24 првачиња.
За споредба, во учебната 2013 /2014 година, во прво одделение  се запишале 561 ученик, а во претходната учебна година ова бројка изнесувала 573 првоодделенци.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top