Општина Охрид кредитно ќе се задолжува. Со пари од светска банка ќе прави капитални проекти. Многу улици и патишта ќе бидат реконструирани, а ќе се поднови и ЈП Комуналец.
Со пари од Светска банка општината ќе прави капитални проекти. Денес за таа цел се одржа јавна расправа која е една од финалните постапки кои ги налага Светска банка пред одобрување на кредитот. Општина Охрид долгорочно ќе се задолжи во висина од 1милион и 700 000евра.
–Целта на овај заем е финансирање на капитални инвестициски проекти за рехабилитација на некои локални улици и два локални патни правци како и набавка на најсовремени специјални возила за ЈП Комуналец, вели градоначалникот Никола Бакрачески.
Општината ќе има 13 години рок на отплата на кредитот со грејс период од три години. Годишна рата би изнесувала 12 милиони 705 илјади 372 денари.
–Со проектните активности предвидена е изградба на две раскрсници и тоа онаму каде што се вкрстуваат Ул. Туристичка со Македонски Просветители и другата раскрсница на ул. Туристичка со Бистрица. Рехабилитација на површината на патиштата, реконструкција на коловозот, изградба на атмосферска канализација на осум улици и патишта, вели Бакрачески.
Градоначалникот најави дека ќе се прави улицата Питу Гули, Сатеска, Трајче Трајчески, Мича Гилич, Васил Стефоски, улицата Ристо Чадо, локалниот пат Илија Смически во село Лескоец и локалниот пат Елешец- Елшани. За ЈП Комуналец покрај тоа што ќе се набават пет специјални возила ќе набави и специјална ограда која ќе се постави околу депонијата Буково. Бакрачески нагласи дека сите проекти биле изготвени од службите на општината.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град