Шест злата за веслачкиот клуб „Југ“ од Охрид на Меѓународната Илинденска регата

Покрај веслачките клубови од земјава, учесници на регатата беа и три клубови од соседна Бугарија.

 |  Мишел Наумоски  | 
veslaci JUG
веслачи ЈУГ

Веслачите од веслачкиот клуб „Југ“ од Охрид доминантни на Меѓународната Илинденска веслачка регата која се одржа во нашиот град.

Ilindenska veslacka regataОхридскиот веслачки клуб „Југ“, во неделната регата која се возеше во водите на Охридското Езеро беше апсолутно најдобар освојувајќи вкупно 6 златни медали во единаесетте трки во пионерска, кадетска и јуниорска катерогија во дисциплините скиф и дубалскул. Меѓународниот карактер на регатата и го дадоа трите веслачки клубови од соседна Бугарија, и тоа клубот „Тракија“ од Пловдив, „ЦСКА“ од Софија, и „Черпоков“ исто така од Пловдив. Освен веслачкиот клуб „Југ“, Македонија ја претставуваше и клубот „Црн Дрим“ од Струга. Освојувачи на златни медали освен нашиот „Југ“, беа и бугарските “Черпоков“ со два, „ЦСКА“ со два и „Тракија“ со еден златен медал. Од охридскиот клуб со златни медали се закитија веслачите Анастазија Паскали, Никола Петрески, Михаил Тасевски, Петар Павловски, Ристо Малезан Радиќески, Климент Трајчески и Никола Аџиоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top