Охрид е безбеден град за младите. Ова е консатација по синоќешната патрола низ кафулињата во градов, а во која беа вклучени полицијата, локалната самоуправа, граѓаните и претставници на институциите. Ваквите активности се дел од проектот „Соседска патрола“ кој го спроведува Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници и граѓани синоќа патролираа низ Охрид. Заменик градоначалникот Ангел Јанев, претставници од секторот за образование во локалната самоуправа, претставници од урбаните заедници, од училишните одбори, од советот на родители, наставници, репрезенти од советодавните групи на граѓани и други заинтересирани институции, синоќа посетија повеќе угостителски објекти и места каде во изминатиов период се случиле кривични дела и прекршоци. Овие заеднички патроли се дел од проектот „Соседска патрола“ кој го спроведува МВР.
–Сите што беа поканети на синоќешната патрола сите ја прифатија поканата и со задоволство учествуваа во овој проект. Бевме поделени во две групи. Едната патролираше во делот на Кошишта, покрај езеро, Св. Софија, Мостот на желбите и Парк, а другата во населбата Христо узунов, улицата 7ми Ноември. Всушност ги посетивме сите места кои МВР сметаше дека треба да бидат посетени, вели заменик градоначалникот, Ангел Јанев.
Оваа заедничка превентивна активност на полицијата, локалната самоуправа, граѓаните и претставниците на институциите ќе значи голем придонес кон зголемување на безбедноста во Охрид и кон намалување на кривичните дела и смалувањето на нарушувањата на јавниот ред и мир, вели Јанев.
–Јас лично многу сум задоволен од спроведувањето на ваквата патрола. Сега сфатив дека младите кога излегуваат до доцните ноќни часови навистина се безбедни бидејќи во местата каде излегуваат или околу нив постојано има полициски патроли кои се грижат за тоа. Охрид навистина е безбеден град, вели Јанев.
По синоќешната „Соседската патрола“ било констатирано дека проектот е корисен и дека треба да биде повторно реализиран.
Инаку, „Соседска патрола“ е превентивен проект на Министерството за внатрешни работи одобрен од Владата на Република Македонија кој има за цел да се зајакне новиот концепт на полициско работење со заедницата, вклучување на локалната самоуправа, урбаните заедници и граѓаните за подобрување на соработката со полицијата и зголемена безбедноста во населените места.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град