Свежо цвеќе за патронот и заштитник на градот Свети Климент Охридски

Православните христијани денес го празнуваат споменот на Св. Климент Охридски, и големиот исцелител Свети Пантелејмон. Верниците синоќа во Св. Климентовиот храм на Плаошник , му оддадоа почит на заштитникот на Охрид. Денеска продолжуваат чествувањата по повод патронот на градот, Свети Климент летен.

 |  Мишел Наумоски  | 
sveti Kliment
свети Климент

plostad sv.KlimentДенес на градскиот плоштад Охрид, претставници од локалната самоуправа, претставници од Советот на општина Охрид, како и директорите на основното и средното училиште кое го носи името на светецот, се поклонија пред споменикот на Свети Климент. Делегациите положија свежо цвеќе пред заштитникот и патрон на градот, Свети Климент Охридски. Ова е само дел од настаните со кои годинава се одбележува големиот празник Свети Климент летен. Вечерва е вториот ден од Меѓународниот фестивал на духовна музика „Тебе поем-Св.Клименте“ кој оваа година е подржан и финансиски помогнат од Локалната самоуправа и градоначалникот на Охрид. Централната фестивалска вечер се одржува вечерва, во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top