Џенгис Пател е единствен водич кој води бесплатен разглед на Охрид.
Џенгис Пател е единствениот туристички водич во Охрид кој организира бесплатни разгледи на градот. Ова не е нова работа во светот, во Европа постои околу 15 години, а слободни разгледи има во сите поголеми светски градови Барселона, Лондон , Брелин, Париз Белград , Њујорк, кажува Пател. Покрај редовните разгледи, тој веќе 3 години е дел од клубот кој го применуваат новиот тренд. Овој начин на работа потекнува од Германија, поточно од Берлин од туристичкиот водич Сандеман, раскажува Пател. Додава дека е штета да се дојде во Охрид и градот да не се разгледа со водич, а неговата идеја е секој да може да слушне нешто за градот, а не само да го види.
„ Се работи за индивидуални туристи кои доаѓаат сами, а не преку туристички агенции за да го видат градот. Тие се таргетна цел. Со другите групи се работи поинаку за реална цена. Ова е вистински бесплатен разглед никој не е обврзан да плати ништо. Се работи за доброволни прилози како и секаде во Европа, така речи за бакшиш. Во прашање се помали групи од 5 до 10 луѓе во просек. Има голем интерес и најчесто ме наоѓаат преку мојот веб сајт“, Пател.
Пател Напоменува дека полека и во Македонија почнува да се развива ваква мрежа, па од пролетва и во Скопје има бесплатни разгледи. Туристите кои доаѓаат во Охрид поминуваат и по илјадници километри за да го видат градот и езерото. Најмногу се интерсираат за црквите, фреските, природните убавини и уникатното езеро. Охрид нуди за секого по нешто, вели Пател. Доаѓаат гости од сите континенти да ги видат културните и природните убвини. Во ерата на компјутерската технологија многумина знаат дека од 940 места во светот ставени под заштита на Унеско , само 25, меѓу кои е и Охрид, се ставени под заштита под два критериуми. Тоа се културното наследство на градот и природниот езерски феномен, објаснува Пател.
„ Охрид е ставен на мапата на Балканот како неизоставна дестинација заедно со Дубровник и сме горди на тоа. Голема улога во тоа има фактот што Охрид е дел од семејството на Унеско и треба да повнимаваме на тоа. 90 посто од луѓето кои доѓаат индивидуално, доѓаат заради градот и езерото кој се дел од Унеско.“
Џенгис Пател е повеќе од 3 децении туристички водич . Со неговото големо искуство во работа со туристите порачува да се посвети внимание на гостите од средната класа. Градот нема хотели за гости со длабок џеб, па средната класа треба да е таргет која не смее да се изгуби, а се најдобри потрошувачи, укажува Пател. За оваа туристичка сезона смета дека воопшто не е слаба, има поголем број странски туристи за разлика од домашните. Со жалење констатира деке оваа сезона во мал број се присутни и гостите од Србија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град