Колку е безбедно да се минува под Долни сарај

Безбедноста на граѓаните кои минуваат под Долни сарај не е доведена во прашање поради пукнатините на јужниот ѕид, тврдат од националната установа, Завод и музеј. Од таму кажуваат дека поголемиот дел од ѕидот е саниран, а аплицирале до Министерството за култура за средства за реконструкција и на другите делови од цитаделата. Инаку, безбедноста на граѓаните и опасноста од одрони  во минатиов период беше експлоатирано како причина повеќе за отстранување на Мостот на желбите.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ѕид
zid

Безбедноста на граѓаните кои минуваат под Долни сарај, повторно актуелизирано со најавата за рушење на Мостот на желбите. Покрај тоа што мостот бил дивоградба, опасноста од одрони кои можат да ги повредат минувачите беше исто така експлоатирано како причина повеќе за отстранување на мостот под сарајот. zidОд Завод и музеј потсетуваат дека  уште пред една година биле потрошени 3мил. и 300 000ден., средства од Министерството со кои се санирале ѕидните јужни платна кон езерскиот брег и скалите. Од оваа национална установа најавија дека од наредната година по се изгледа ќе се работи и на останатиот дел од цитаделата.ѕид

-Ние аплициравме до министерството и се надеваме дека ќе ги добиеме средствата за да можеме да ја дозавршиме конзервацијата на јужниот ѕид на Долни сарај. Но, морам да кажам дека сега не постои опасност од одрон на камења бидејќи тоа што беше опасно веќе го саниравме па не може да дојде до повреда на минувачите, децидна е Тања Паскали Бунташеска, директорката на Завод и Музеј.

Според најавите од Завод и музеј очигледно санацијата на ѕидот на Долни сарај ќе биде дозавршена, а со тоа ќе нема да има ниту најмала можност за повреда на некој минувач од одрони. Но, тоа веќе и не ќе биде голем проблем бидејќи минувачи ќе нема зошто за наесен е најавено рушење на Мостот на желбите. Сепак тоа не значи дека бедемот не треба да биде целосно реконструиран. Можеби санираниот ѕид ќе биде причина повеќе  за што поскора реализација на локалниот проек за изградба на пешачка патека в долж езерото која наголемо беше најавувана во изминатиов период.{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top