Во катедралната црква Св. Софија по трет пат гостува музичкото дуо Трусови

Во катедралната црква  Св. Софија по трет пат гостува музичкото дуо Трусови.

 |  Јаковлева Лионела  | 
trusov
trusov

На Фестивалот Охридско лето вечерва гостува уште еден виолински виртуоз. Во катедралната црква Св. Софија по трет пат ќе настапува рускиот виолинист Кирил Трусов во пијано придружба на неговата сестра Александра Трусова, информира музичкиот селектор Гордана Неделкова  Јосифоска.

trusovi„Трусов  е име кое одамна ја достигнало светската слава на престижни музички сцени.Како показател за тоа е неговоиот настап на музичкиот фестивал Вербиер во Швајцарија каде го имаше последниот настап. После Вербиер во Охрид е показател дека Охридско лето ги има најдобрите светски уметници“, кажува,  Н. Јосифоска.

Кирил Трусов се  стекнал со меѓународен музички углед на исклучителен уметник со бројните солистички настапи на светските музички сцени. Настапувал со оркестри од целиот свет и соработувал со светски познати диригенти . Изборот на вечерашната програма е од помалку изведувани композиции на руски и француски композитори.

 

 

trusov

„ Вечерва ќе имаме француски композиции,  соната од Габриел Форе која не е изведувана многу често. Како што гледам овде е многу важен овој фестивал за цела Европа доаѓаат многу реномирани музичари. Досега имаве микс на музика од германски  и руски автори , но вечерва ќе завршиме со Корсаков и Чајковски , во основа ќе биде руска и француска музика“, истакна Трусов.

Кирил Трусов оваа годинава настапувал и на Зимските Олимписки игри во Сочи.  Свири на виолина Страдивари која  потекнува од 1702 година на која  свирел познаиот виолинист од 19 век Адолф Бродски.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top