Новите кумови: Олег Маленко, Борис Маркулески и Христијан Шапкар најавија достоинствено и годинава- најмасовно одбележување на големиот верски празник.
Новите кумови: Олег Маленко, Борис Маркулески и Христијан Шапкар најавија достоинствено и годинава- најмасовно одбележување на големиот верски празник.
Во црквата Свети Никола- Ѓеракомиија денес се изврши примопредавање на кумството за Богојавление- Водици.
Новите кумови Борис Маркулески, Олег Маленко и Христијан Шапкар се заблагодарија за укажаната чест. По повод одбележувањето на големиот весрки празник, во понеделник, најавија вистински спектакл.
Како што истакна Борис Маркулески, еден од кумовите на манифестацијата, направено е се за манифестацијата да биде што помасовна.
Годинава покажан е најголем, до сега, интерес за скокање по светиот крст во водите на Охридското езеро. Се очекува рекорден број заинтересирани капачи.
„ До денес пријавени се 450 кандидати кои ќе скокаат по светиот крст. Акo пријавувањето продолжи со досегашното темпо, очекуваме до понеделник вкупниот број на пријавени да е околу 1.000, вели Олег Маленко, кум на манифестацијата.
Организаторите најавуваат и неколку новини во одбележувањето на Богојавление- Водици. „ Поради големиот број гости кои присуствуваат на манифестацијата, годинава за прв пат , светиот крст во водите на езерото ќе се фрла од бродот Галеб, рече Љупчо Арнаудов, претседател на „ Богојавление“ .
Светиот крст во водите на езерото ќе се фрла во 10 часот. Се очекува најавениот спектакл да го проследат над 20.000 гости.
На среќниот фаќач и оваа година ќе му биде подарена златна реплика од светиот крст вредна 3. 500 евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град