Црвениот крст од Охрид на мускули ќе го турка проектот „Родителите се наша грижа“

Целта на овој проект е грижа за повозрасните осамени лица кои се оставени сами на себе. Од она што на организацијата на Црвениот крст им било потребно за реализација на овој проект, од локалната самоуправа добиле незначителна сума.

 |  Мишел Наумоски  | 
crven krst
црвен крст

Црвениот крст од Охрид ќе мора на мускули да го реализира проектот „Родителите се наша грижа“. Основна цел на овој проект е грижа за повозрасните и осамени лица кои немаат кој да се грижи за нив. Наместо специјално ангажирани за тоа лица, како што првично имале замислено од Црвениот крст, велат дека проектот ќе го спроведуваат нивните волонтери и лекари кои ги имаат во рамките на нивната организација. За реализацијата на проектот тие аплицирале и им биле одобрени средства од локалната самоуправа, но велат дека тие средства ни од далеку не се доволни за спроведување на истиот.

penzioneri„Станува збор за покривање на само 2,1 процент од средствата потребни за реализирање на овој проект во рок од 9 месеци, но ние се обидуваме да стапиме во контакт со социјално, општествено одговорни компании кои што би сакале да помогнат да го реализираме овој проект. Правиме напори и контактираме со оние кои што постојано ни помагаат, но еве уште една можност да ги повикаме сите оние кои досега не се вклучиле во рамките на социјално-хуманитарната програма која ја работиме, тука во Црвениот крст од Охрид и сите кои што сакаат да се однесуваат одговорно кон општеството да се обратат до нашите простории, да помогнат за целосно и успешно реализирање на еден ваков проект затоа што уште еднаш ќе кажам, 2,1 процент од вкупната сума потребна за реализирање на овој проект е навистина премногу малку.“-вели Даниел Наумовски од Црвениот крст од Охрид.

Наумовски потенцира дека и со оние средства кои што им се одобрени ќе пристапат кон реализација на проектот „Родителите се наша грижа“. Додава дека веќе ги започнуваат активностите.

griza nemosni lica„Во текот на следниот период, ќе почниме со подготовките за реализација на проектот, да се обезбедат дваесет лица на кои што ќе им се пружат бесплатни услуги од типот на секојдневни медицински прегледи, благодарение на волонтерските тимови на лекари кои што ги имаме тука во Црвениот крст и секако волонтерите од Клубот на млади кои што ќе бидат вклучени во рамките на овој проект како поддршка на старите лица во обезбедување на нивните секојдневни потреби. Всушност идејата е на тие дваесет лица кои се на некој начин отфрлени од семејството поради овие или оние причини, и кои што немаат кој за нив да води соодветна грижа, ние да бидеме соодветна замена и да им помогнеме во нивното секојдневние, малку да ги ублажиме моментите и состојбата во која се наоѓаат.“-рече тој.

Наумовски вели дека допрва ќе започнат со селекцијата на дваесетте лица кои ќе бидат згрижени од Црвениот крст, а таквата селекција ќе ја прават во соработка со Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Во рамките на проектот планирано е да се организира и една трибина за подигање на свеста кај јавноста за потребата од помош на старите лица, а воедно и ќе се спроведува специјализирана обука за волонтерите за нега и грижа на стари лица од страна на лекари и стручни меѓународни тренери по прва помош, нешто што веќе се има работено во Црвениот крст од Охрид. Од таму додаваат дека најверојатно во фокусот на проектот ќе бидат пред се старите лица кои се тешко подвижни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top