ЈП „Комуналец “хортикултурно ќе ги уредува сообраќајниците во градов

Хортикултурно ќе се уредува зелениот појас на патниот правец Охрид-Св. Наум.

 |  Јаковлева Лионела  | 
пат
pat

Хортикултурно ќе се уредува зелениот појас на патниот правец Охрид-Св. Наум. Иако овој магисрален пат е под ингеренции на Македонија пат, Јп „Комуналец“ согледувајќи ја потребата од негово уредување на сопствена иницијатива ќе го исчисти, patнивелира и оплемени просторот.

-Во наредниот период подготвени сме да направиме два бунари и на целиот ќе се постави водоводна мрежа за наводнување, а наесен ќе го озелениме со соодветни растенија за ваков простор, вели Елена Скрческа, директорката на ЈП „Комуналец„.

Директорката вели дека ќе се погрижат за хортикултурно уредување  и на останатите улици низ градов. Веќе завршиле со зазеленување на булеварот Железничка, а ќе работат и на средување на западниот влез во градов каде ќе се садат цвеќиња, трева, ниски дрвца и друго зеленило соодветно за тој терен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top