Вечерашниот концерт на познатата балканска ѕвезда Цеца Ражњатовиќ кој ќе се одржи на СРЦ „Билјанини извори“ нова закана за тартан патеката. Атлетичарите стравуваат да не дојде до оштетување на подлогата бидејќи тоа и претходно се случувало при вакви големи концерти кои се одржувале на стадионот. Од ЈП „Билјанини извори“ смируваат тврдејќи дека се превземени сите мерки за заштита на тартанот.
Љубителите на музиката на познатата балканска ѕвезда Цеца Ражњатовиќ со нетрпение го очекуват вечерашниот концерт. Локацијата на концертот добро позната, стадионот на СРЦ „Билјанини извори“. Додека фановите се во исчекување на овај музички настан, атлетичарите од АК „Охрид“ се во грч за судбината на тартан патеката. Стравуваат да не дојде до оштетување на подлогата бидејќи тоа и претходно се случувало при вакви големи концерти кои се одржувале на стадионот.
Од ЈП „Билјанини извори“ смируваат тврдејќи дека се превземени сите мерки за заштита на тартанот.
–Ние цело време следевме додека се монтираше опремата. Оваа година тешките товарни возила немаа пристап до атлетската патека. Целата опрема се носеше на раце и се надеваме дека ќе нема никакви оштетувања по патеката. Доколку има некакви оштетувања во договорот што го склучивме со закупецот стои дека било што да се оштети оди на товар на закупецот, вели Ристе Мише-директорот на ЈП „Билјанини извори“.
Од ЈП „Билјанини Извори“ не негираат дека дел од патеката, односно тартанот претходно бил оштетен. Според нив тоа се случило уште за време на првиот концерт кој се одржал по пуштањето на патеката во употреба, во 2009 тата година.
Да се надеваме дека овојпат раководството на ЈП нема да дозволи оштетувања на 500 илјади евра вредниот тартан. Колку за потсетување во 2009та година од Атлетската федерација на Македонија го предупредија јавното претпријатие и градот Охрид, да ги преземат сите мерки за заштита на патеката за време на концертот на „Бело дугме“, но сепак дојде до оштетувања.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град