• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Приватните станоиздавачи немаат пристап до тоалети во рамките на автобуската станица

Приватните станоиздавачи немаат пристап до тоалети во рамките на автобуската станица

Тие се жалат дека во недостиг на ваков тип на објекти се приморани да се снаоѓаат како знаат и умеат. Од концесионерот на автобуската станица, АД „Галеб“ потврдуваат дека влезот им е забранет на станоиздавачите, но додаваат дека тоа е со причина.

 |  Мишел Наумоски  | 
turisticka berza
туристичка берза

Поставувањето на туристичката берза кај градската автобуска можеби ја подобри грдата слика која приватните станоиздавачи ја создаваа обидувајќи се да дојдат до туристите, но отвори нов проблем. Оние приватни станоиздавачи кои во текот на денот ги нудат своите услуги во малата барака, имаат забранет пристап до јавните тоалети во рамките на автобуската станица. Дел од нив ни се пожалија дека кога немаат друга алтернатива, за тоалет се снаоѓаат како знаат и умеат, но тврдат дека со истиот проблем се соочуваат и туристите.

stanoizdavaci berza„Кога во автобуската нема тоалетен, санитарен чвор, тоалет, јас се судрив со таков случај, доаѓаат странци, туристи, немаат каде да ја извршат својата потреба. И се наоѓа таму негде, ќе видите каде се вршат тие нужди. Тој проблем не е само на автобуската, тој проблем е во целиот град. Тука треба да се зафати локалната самоуправа за решавање на тој актуелен проблем со тие градски тоалети. Овде изразито е тоа што сите доаѓаат за сместување, во денот можеби по 10-15 автобуси, нормално од Скопје патувал или Белград па од Скопје дотука му се врши нужда па нема каде да оди. Во приватните бифеа не им даваат клуч затоа што не пијат таму и тоа е голем проблем.“-вели приватниот станоиздавач, Перо Петрески.

Ги контактиравме и концесионерите на градската автобуска станица, превозната компанија АД „Галеб“ од Охрид. Директорот Димитар Василески дел од тврдењата на концесионерите ги потврди, дел остро ги демантираше.

avtobuska javni toaleti„Тоа не е точно. На автобуската станица во Охрид има два јавни тоалети, а пристапот до тие тоалети на станоиздавачите точно е дека им е оневозможен бидејќи на станоиздавачите им е оневозможен пристап и до самата автобуска заради таа грда слика што се повторува неколку години наназад, бидејќи тие буквално во хорди ни ги напаѓаат патниците и ние сме приморани со приватно обезбедување да ги оддалечиме надвор од автобуската станица. За патниците и за сите други, вработени, возачи има ве-це-а кои функционираат.“-рече директорот на АД „Галеб“ од Охрид, Димитар Василески.

Инаку локалната власт со туристичката берза за станоиздавачи од мал обем односно типизирана куќичка  поставена на автовуската станица имаше за цел воведување ред како во нелојалната конкуренција, така и во однос на општиот  впечаток кој го добиваат туристите. На туристичката берза регистрираните приватни станоиздавачи ќе имаат можност да ги нудат своите сместувачки капацитети на организиран и достоинствен начин, изјавија тогаш од локалната. Можеби сета замисла ќе беше навистина подостоинствена доколу на станоиздавачите кои скоро цел ден  се наоѓаат таму им се обезбедеше јавен тоалет.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top