Со свеченото отварање на вратата на охридската гимназија се означи и првата инвестиција во образованието, во 2009 година.
Со свеченото отварање на вратата на охридската гимназија се означи и првата инвестиција во образованието, во 2009 година.
Иако гимназијата е под заштита на државата, како објект од посебно значење, досега интерес за нејзина реконструкција не покажаа ниту Министерството за образование ниту за култура, туку само локалната самоуправа истакна градоначалникот Александар Петрески. При обновувањето на училиштето кое ја одбележа 100 годишнината од постоењето, е водена сметка за поставување на квалитетна дограма како што и доликува на заштитен споменик на културата.
Благодарност до Советот на општината и до градоначалникот за грижата кон најстарата , градска образовна институција упати директорот на гимназијата, Љубиша Машановиќ. Полека се враќа сјајот на раритетниот споменик и расадник на образованието рече директорот. За овозможените попријатни услови тој кажа дека ќе се одложат со квалитет во воспитно образовниот процес.
Локалната самоуправа за подобрување на образованието во 2009 година издвои во буџетот 40 милиони денари. Финансиите ќе бидат наменети за
обезбедување на надгледни средства во основните и средните училишта.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град