Светското првенство во ракомет започнува денеска во Хрватска, фаворити за највисок пласман се бранителот на титулата Германија, олимпискиот шампион Франција, европскиот првак Данска, Шпанија и домаќинот Хрватска.

Македонските ракометари утре во Вараждин го играат првиот натпревар против селекцијата на Тунис. На турнирот ќе учествуваат 24 репрезентации, поделени во четири групи. Во групата Ц со Македонија се Германија, Полска, Русија, Тунис и Алжир.
Светските букмејкери ја сметаат Македонија, која по пауза од десет години, се враќа на светските првенства, за тотален аутсајдер за висок пласман.
Според една од најпознатите интернет обложувалници, британската Бетфер шансите на Македонија да ја мине квалификационата група се дури 1:100.
Македонските, како и навивачите на сите репрезентации кои играат во Вараждин треба да имаат свои места за собирање во градот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град