Американци со македонско потекло во посета на своите корени

Американци со  македонско потекло во посета на своите корени.

 |  Јаковлева Лионела  | 
amerikanci
amerikanci

Ник, Едвард и Дебора Марков се американци со македоско потекло. Нивните дедовци Ламбе и Војдан Маркови во 1909 година го напуштиле своето родно огниште во Ржаново и заминале во САД. Од оваа далечна земја повеќе не се вратиле, но љубовта и традицијата на македонското семејство не заборавиле да ја пренесат на своите внуци.  Браќата Ник и Едвард  Марков потомци на Ламбе, се по втор пат во Охрид и  Ржаново.Дошле пред 5 години,  а сега допатуваа со своите сопруги. Ник Марков врли среќен сум што се вративме на корените од каде што потекнуваме. Како дете слушав многу приказни за природата,  Охрид, за езерото.
американци
„ Мојот дедо ја донесе Македонија со него иако ја напушти. Имаше свој бизнис, куќа,  стана влијателна личност во заедницата. Луѓето кои доаѓаа од Македонија ги помагаше во рабоата. Израснав со Македонци во Питцбург, Пенсилванија.

Мислам дека Охрид и Ржаново се најубавите места на светот, се приклучува кон разговорот со неговиот брат Едвард.

„ Мојот дедо во САД донесе со него 3 работи од Македонија. Љубовта кон религијата, културата и семејството. Кога се вративме тука ги почуствуваме религијата преку многуте цркви, љубовта кон културата ја видовме преку концертот на Танец, љубовта кон семејството и поддршката  преку топлината на македонците“.

Со Ник и Едвард за прв пат во земјата на своите предци допатува и нивната братучетка Дебора Марков.  Дебора вели мојот дедо Војдан ми кажуваше прекарсни приказни за Охрид и Ржаново.  Одев по патеката во Ржаново, гледав наоколу прекрасна природа, планини, црква. Навираа сеќавања преку раскажувањата на дедо ми за неговото родно огниште, со силни емоции раскажува Девора.
американци
„ Солзи надојдоа на моите очи, се сетив на сликите од ритуалот на црквата кој беше пред моите очи, а за кој слушав како мало дете од мојот дедо. Гледав како деца и возрасни танцуваат. Ја слушав гајдата, дедо ми често свиреше дома и тој звук ме  врати години наназад. Тој момент беше посебен за мене“, се присетува Дебора спојувајќи ги моментите од сегашноста и минатото.

Иницијатор за остварување на желбата да се посетат дедовите корени на потомците Марков е охриѓанецот Љупчо Паункоски, кој потекнува од Ржаново. Во 2002 година Пункоски направил документарен филм за иселениците од струшка Малесија. Остварил контакт и со членовите на семејството Марков.

„ Знаев дека од Малесија има многу иселеници во САД. Некои се вратиле дома некои никогаш повеќе. Браќата Ламбе и Војдан заминале во 1909 година , во 1930 основале Македонско – бугарски културен центар кој делува и денес. Стапив во контакт со денешните гости и ги поканив  да го посетат родното  место на нивните дедовци. Со задоволство ја прифатија поканата, кажува Паункоски.

Дебора, Ник и Едвард  кои допатуваа  со своите сопруги во Македонија,  ветија дека следната година во Охрид и Ржаново ќе дојдат  со своите синови и внуци кои  се 5 генерација македонци кои живеат во Питцбург, Пенсилванија.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top