Потпишан меморандум за соработка помеѓу Охрид и Квинбиан.
Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески се сретна со неговиот колега Тим Оверал од австралискиот град Квинбиан. Во негова придружба беше и советникот на општина Квинибиан Величе Трајаноски, македонски иселеник кој потекнува од охридско. Градот Квинбиан брои 42.000 жители, а околу 2000 од нив се македонски иселеници. Во овој град во државата Нов Јужен Велс живеат веќе трета генерација Македонци, а скоро 800 од нив по потекло се од охридскиот регион.
Бакрачески и Оверал потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете општини. Градоначалникот Бакрачески кажа дека размениле мислења за дејности и полиња на кои меѓусебно ќе соработуваат. Биле разгледувани можностите за соработка во делот на туризмот, културата, спортот и образованието. Една од опциите која била разгледувана била размена на студенти посебно од информтичката технологија.
Станало збор и за соработка помеѓу бизнис заедницата од двата града. Падна предлог во Охрид да се формира и крикет клуб, спорт кој се игра во Австралија.
Тим Оверал како градоначалник на градот во кој живеат голем број на македонски иселеници истакна дека е воодушевен од посетата на Охрид и неговата историја. Посетата ја гледа како воспоставување на мост за соработка меѓу двата града. Упати покана до неговиот охридски колега Бакрачески за возвратна посета на овој австралиски град. Оверал му врачи на Бакрачески и монографија од градот Квинбиан.
{loadposition contenmt9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град