Цистерна сруши два електрични столоба од уличното осветлување и пет столбови од кабелските оператори на пресекот на улиците „Марко Цепенков“ и „Момчило Јорданоски“ . Настанот се случил поради тоа што каблите од повеќе оператори биле поставени пониско од пропишаните норми. Против прекршителите на Законот ќе бидат превземени санкции.
Цистерна со скопски регистрации синоќа околу 23 часот на пресекот на улиците „Марко Цепенков“ и „Момчило Јорданоски“ сруши два електрични столоба од уличното осветлување и пет столбови од кабелските оператори. Немилиот настан се случил поради тоа што каблите од повеќе оператори биле поставени пониско од пропишаните 4 и пол метри, па цистерната која била со висина од 3метри и 90 се заплеткала во нив. За среќа освен материјална штета немаше повредени во синоќешниот инцидент, но очевидците кажуваат дека сликата била застрашувачка, а во еден момент згаснало целото улично осветлување. Цела вечер по улицата била црна темница, а жителите во реонот останале без кабелска телевизија.
–Би требало општината и службите што се задолжени за тоа да си реагираат навреме. Настанот се случи синоќа околу 11 часот а службите дојдоа дури во десет часот утрово да интервенираат, вели еден жител на „Момчило Јорданоски„.
Од фондот за комунален развој и сообраќај велат дека тоа не е точно. Тие уште синоќа биле на местото на настанот заедно со екипи на СВР Охрид, направиле увид, направиле записник во кој се утврдила штетата, но не можеле да интервенираат бидејќи настанот се случил во доцните ноќни часови. Од таму додаваат дека штом се создале услови за работа екипите веднаш излегле на терен. Инаку ова е само еден пример во кој поради нечија несовесност можеа да настрадаат невини луѓе. Кабли кои се поставени на несоодветна висина има насекаде низ градов. Испреплетени се како пајакова мрежа и само прашање на време е кој е следниот кој ќе се фати во неа.
–Константно се превземаат мерки од Секторот за комунален развој и сообраќај меѓутоа одредени компании кои се занимаваат со ваква дејност си земаат за право на своја рака да поставуваат кабли без согласност и одобрение на секторот и тоа е основна причина поради која се случуваат овие немили настани, вели Љупчо Танески од Фондот за комунален развој.
Од сообраќајната полиција кои се надлежни да превземат мерки доколку утврдат некакви пречки во сообраќајот велат дека во конкретниов случај нема да поднесат никакви пријави. Предлагаат оштетените да си поднесат приватна тужба против кабелските оператори кои неправилно ги поставиле каблите и на тој начин да си ја покријат штетата
.{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град