Локалната и покрај законските одредби нема одредено локации каде ќе се постават јавни тоалети. Министерството за транспорт и врски на општините ќе им ги намали трошоците ако јавните тоалети се лоцираат на државно земјиште.
Локалната самоуправа сеуште нема одредено локации каде ќе се постават јавни тоалети. Иако тоа е законска обврска предвидена со Законот за јавна чистота кој стапи на сила уште пред неколку месеци, Охрид тапка во место со решавањето на овој долгогодишен проблем.
Министерството за транспорт и врски распиша конкурс кој трае до 20 јануари на кој може да се пријават сите општини кои како локација за поставување јавни тоалети избрале државно земјиште. Трошоците околу поставувањето на јавните тоалети ќе ги покрие државата. Општина Охрид сеуште нема аплицирано.
Бранко Арнаудов, раководителот на Секторот за урбанизам вели дека при изработката на новите Детално урбанистички планови и оние во постапка предвидени се локации за поставување јавни тоалети.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град