„Охридско лето“ по 54-ти пат

Охрид и годинава ќе ги собере уметниците од сите страни на светот, а македонската и светската публика во наредниве четириесет дена ќе ужива во нивната интерпретација на уметноста.

 |  Голабовски Крсте  | 
Barbara Fritoli
Барбара Фритоли

festivalski oganОхрид и годинава ќе ги собере уметниците од сите страни на светот, а македонската и светската публика во наредниве четириесет дена ќе ужива во нивната интерпретација на уметноста.

Палењето на фестивалскиот оган на античкиот театар во Охрид и годинава го означи почетокот на уште едно, 54-то по ред „Охридско лето“. Честа да ја отворат оваа најголема музичко – сценска манифестација во земјава годинава им припадна на италијанските оперски ѕвезди, Барбара Фритоли и Лео Нучи. Пред публиката која традиционално го следи македонскиот синдром да доаѓа пред самиот почеток на настанот, оперските ѕвезди за миг ја одведоа публиката на едно фантастично патување во светот на „Травијата“, „Дон Карло“, „Симон Боканегра“ и „Сицилиска вечерна“.

scenaВодени од прецизната диригентска палка на маестро Луис Горелик од Аргентина, а во придружба на Македонската филхармонија која со овој гала-концерт одбележа 7 децении од своето постоење, оперските ѕвезди блеснаа на антички. Фестивалската публика, со свое видување и за фестивалот и за она што сакаат да го доживеат во претстојните четириесет фестивалски денови.

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, кој традиционално е покровител на фестивалот, во својот говор истакна дека моќта на музиката и уметноста може да го промени и да го облагороди човекот, а со тоа и светот и векот во кој живееме.

„Нашиот фестивал прерасна во современа уметничка Виа Игнатиа, што одново ги поврза Охрид и Македонија со европа и светот. Виа Игнатиа по која чекорат врвни домашни и странски уметници кои со моќта на звукот и танцот, зборот и сликата ги менуваат нашите срца и нашите мисли, а со тоа и нашиот светоглед“, рече Иванов.

scenaМилка Ефтимова, примадоната на македонската оперска музика која  во изминативе 50 години настапила дури 20 пати на оваа фестивалска сцена,  ја испрати својата уметничка порака потенцирајќи дека Фестивалот „Охридско лето“ за македонските уметници е особено драг и скапоцен.

„Настапот на овој фестивал отсекогаш го сметавме за посебна чест и се боревме, се докажувавме за да станеме дел од „Охридско лето“, да застанеме заедно со врвните светски имиња. Многумина од нас, токму на „Охридско лето“ му ги должат најубавите моменти од својата уметничка кариера. „Охридско лето“ е гордост на Македонија, врвен европски фестивал, кој во својата програма ги вклучува најквалитетните светски уметници, ансамбли, а со тоа градот Охрид претставува вистинска културна метропола“ нагласи Ефтимова.

Многубројната публика од земјава и странство полека но сигурно го наполни просторот на Антички. Претставници од политичкиот и дипломатскиот кор од нашатa земја, истакнати претставници на бизнис заедницата и голем број естрадни ѕвезди, уживаа во волшебните изведби на Фритоли и Нучи.
Иако и годинава  повеќе или помалку припадничките на понежниот пол го испочитуваа  дрес кодот за манифестација од ваков калибар, повторно наидоа на еден неочекуван момент, а тоа е непредвидливата охридска микро клима.

На самиот почеток сме на најновото фестивалско издание, чија програма ветува голем број врвни уметници, концерти за паметење, и драмски остварувања за кои ќе се зборува.
После неколку години пауза, ова издание на фестивалот ќе ни донесе и балетска претстава и тоа на Македонската опера и балет под наслов, „14 часа“.
Со високи потпетици или не, дали ќе биде опера, театар или балет и не е толку важно, време е за четириесетдневна доза на култура која на охриѓани им е потребна. Можеби во овие фестивалски денови ќе подзаборавиме дека сме имале театар кој е подзаспан.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top