Италијанските ѕвезди го отвораат годинешното издание на фестивалот Охридско лето.
Покровителот на фестивалот Охридско лето, претседателот Ѓорѓе Иванов организираше прием за оперските ѕвезди Барбара Фритоли и Лео Нучи во вилата Билјана во Охрид.
Атрактивната сопранистка и еден од најдобрите баритони на денешницата, вчера по слетувањето на аеродромот Свети Апостол Павле заминаа во претседателската вила.
Претседателот Иванов на средбата им раскажал за историјата на Република Македонија, ги запознал со историјата на Охрид, како и со легендите за нашиот град. Високите гости се воодушевиле од убавините што ги виделе од терасата на претседателската вила од каде се гледа Охридското Езеро и градот Охрид.
Според италијанските уметници, Охрид е едно од најубавите места што досега го посетиле преку нивните настапи низ светот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град