Ова е епилогот од акцијата на координативното тело за заштита на интелектуална сопственост спроведена во текот на вчерашниот ден. Во истата биле исконтролирани и приватни здравствени установи, но и кабелски оператори. Кај нив, велат дека се работело според законот.
Акција за сузбивање на пиратеријата во градов. Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост при Владата на Република Македонија во текот на вчерашниот ден ги контролираше продавачите на градскиот пазар, кабелските оператори и приватните здравствени установи.
Се проверувале евентуалните повреди на интелектуална сопственост и повреди во делот на авторските права. Повеќе случаи на пиратерија биле затекнати на тезгите на градскиот пазар.
„Во делот на повреди на индустриска сопственост е исконтролиран пазарот во Охрид кај што има присутност на трговски марки кои се фалсификати и се продаваат на пазарот. Од страна на инспекторите од Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи беа преземени мерки и одземени се тие фалсификати и спрема тие правни и физички лица се поднесени прекршночни пријави и глоба од над 11.000 евра.“-рече претседателот на Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост, Мите Костов.
Во контролата на приватните здравствени установи, координативното тело не забележало неправилности, односно се користел само лиценциран софтвер. Слична состојбата и кај кабелските оператори во градов, за кои Костов рече дека работеле според законските прописи. Сепак вели дека нивните напори продолжуваат во иста насока бидејќи не ретко продажбата на фалсификувана роба некого може да го чини и живот.
„Силни се напорите за сузбивање на пиратеријата и ова се огромни загуби по националните економии, Македонија не е надвор од тоа. Секако дека најголемата загуба е некогаш кога со тие фалсификати имаме и загуба на човечки животи, дали од лековите или од алкохолот односно дали од фармацевтската или прехрамбената индустрија.“-вели Костов.
Инаку во нивната вчерашна акција биле исконтролирани вкупно 11 правни субјекти во нашиот град. Паралелно тие контролирале и субјекти во соседна Струга. Оваа акција е согласно акциониот план на координативното тело за заштита на интелектуална сопственост при Владата на Република Македонија, а во соработка со службите на МВР.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град