Пристигнаа ѕвездите што ќе го отворат Охридско лето

Денес на охридскиот аеродром „Св Апостол Павле“, со специјален лет пристигнаа како што критиката ги најавува сопранистката Барбара Фритоли која важи за гламурозна певица со ангелски глас и баритонот Лео Нучи од Италија кој со своите уметнички способности ја маѓепсува публиката.

 |  Николоска Биљана  | 
aerodrom
аеродром

aerodromПристигнаа звездите на 54 тото издание на реномираниот фестивал Охридско лето, сопранистката Барбара Фритоло и баритонот Лео Нучи од Италија. Светски познатите уметници не го криеа задоволството што се во Охрид. Првите впечатоци ги добиле летајќи со приватниот авион над Охридското езеро.

„Многу сме среќни што сме овде, прв пат сме во вашата земја мило ни е што ја имаме оваа можност да настапиме пред публиката во оваа прекрасна земја – вели Фритоли.

Сите ми кажуваа дека ова е прекрасно место со убаво езеро и навистина е така. Ви ветувам дека утре ќе ви приредиме нешто навистина специјално ќе се потрудиме да бидеме во нашето најдобро издание во ова волшебно место“ – рече Нучи.

Музичкиот селектор на фестивалот Охридско лето Гордана Јосифова Неделковска, истакна дека и годинава ќе ја почитуваат нивната основна заложба, односно остварување на визијата за квалитетна програма, гостување на светски познати уметници и креирање на многу интересни атрактивни фестивалски настани.

aerodrom„Охридско лето и ова 54 то издание е домаќин на најдобрите, најуспешните и најпознатите всушност така и ќе започене сабота 12 јули на Античкиот театар со почеток во 21 часот, големиите мега звезди Барбара Фритоли оперската дива и легендарниот Лео Нучи. И како што критиката ги најавува Барбара Фритоли е гламурозна певица со ангелски глас која што веднаш ја освојува публиката, нејзините воздишки и нивното внимание. Лео Нучи критиката се изразува за него дека не е само фантастичен пеач туку многу повеќе од тоа, длабок уметник пред се со вистинска емоционалност кој што на фантастичен начин ја доловува улогата која што ја толкува и сето тоа ја маѓепсува публиката и ги носи во еден друг свет во едно друго време

Гала-концертот на оперската дива Фритоли и легендарниот Нучи со атрактивна програма од големиот Џузепе Верди, на утрешното свечено отворање на фестивалот, ќе го води аргентинскиот диригент Луис Горелик. И оваа година „Охридско лето“ се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top