Кривична пријава за албaнски државјанин кој крадел по цркви

ПС Струга поднесе кривична пријава против М.М.(24) од село Котодеш, Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“.

 |  Голабовски Крсте  | 

policija strugaПС Струга поднесе кривична пријава против М.М.(24) од село Котодеш, Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“.

Пријавениот, во периодот од први мај до осми јули 2014 година, извршил серија тешки кражби во црквите „Св.Петка“, „Св.Архангел Михаил“, и „Св.Недела“ во село Радожда, струшкото. Тој илегално ја преминувал македонско-албанската граница по што вршел обиколка низ населбата Радожда и во погоден момент  влегувал во црквите каде насилно и со физичка сила ги отворал влезните врати. влегувал внатре и одземал пари при што присвоил околу 3000 денари. По извршувањето на кражбите,  М.М. по илегалниот пат  се враќал назад во родното село во Република Албанија. На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до осум дена.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top