Охридските хотели, членки на здружението Хотам за претстојните празници ги намалија цените за 50 %. Ваквата иницијатива има за цел продолжување на сезоната и привлекување што повеќе гости.
Охридските хотели, членки на здружението Хотам за претстојните празници ги намалија цените за 50 %. Ваквата иницијатива има за цел продолжување на сезоната и привлекување што повеќе гости.
Охридските хотели, членки на здружението Хотам за претстојните празници ги намалија цените за 50 %. Гостите ќе можат за само 1200 ден. во градов да престојуваат два дена. Досега се продадени 70% од аранжманите, а се очекуваат туристи од Бугарија, Србија, Црна Гора, па дури и од Грција, вели Љупчо Стефаноски, менаџер на хотел Климетица.
Ваквата иницијатива има за цел продолжување на сезоната и привлекување што повеќе гости за Меѓународниот саем за туризам кој започнува на 16ти и големиот верски празник Богојавление, Водици. До крајот на јануари во градов се очекува да дојдат околу 10 000 гости.
Инаку на Водици во водите на езерото се очекува да се нурнат околу 200 капачи со цел да го фатат светиот крст кој според верувањето ќе им донесе здравје и среќа во текот на целата година. Гостите на Меѓународниот саем за туризам ќе можат да го набљудуваат настанот од брод. Странските гости кои изминативе години беа присутни на овој чин со воодушевување зборуваат за него, а годинава повторно доаѓаат во Охрид да бидат дел од него.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град