Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Убиство во обид“ СВР Охрид против В.Р. (32) од охридското село Пештани поднесе кривична пријава.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Убиство во обид“ СВР Охрид против В.Р. (32) од охридското село Пештани поднесе кривична пријава.
Пријавената, на трети овој месец, на сопругот Ј.Р. (26) од Пештани со кујнски нож му нанела тешки телесни повреди во пределот на градниот кош. Истиот итно е пренесен во општата болница во Охрид каде по укажаната медицинска помош е задржан на понатамошно лекување.
Настанот се случил околу 16 часот откако помеѓу двајцата брачни партнери настанала жестока вербална расправија. Во момент кога двајцата сопружници биле во кујната од семејната куќа, дошло до меѓусебна турканица. Тука пријавената В.Р. посегнала по ножот и на својот сопруг му задала еден убод во пределот на градниот кош. Во меѓусебната турканица, пријавената В.Р. се здобила со лесни телесни повреди.
На лице место, увид извршија полициски службеници од СВР Охрид при што одземени се два кујнски ножа како и делови од облеката на двајцата сопружници.
Врз одземените предмети ќе биде извршено криминалистичко-техничко вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град