СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.М.(35) и Ц.М.(36), двајцата од с.Лешани, oхридско, за сторено кривично дело „изнуда“ во обид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.М.(35) и Ц.М.(36), двајцата од с.Лешани, oхридско, за сторено кривично дело „изнуда“ во обид.
Пријавените во јуни 2013 година, со намера да прибават противправна имотна корист од Н.П.(59) од Охрид сопственик на „Вила Свист“ лоцирана во нас.Свети Стефан во Охрид при лични средби, како и на неговиот мобилен телефон му испраќале пораки со сериозни закани со цел истиот да се откаже од намерата да купи простор-крајбрежен дел за плажа од 264 метри квадратни.
Наведениот простор пријавените лица претходните години бесправно го уредиле за вршење на угостителска дејност, бесправно го користеле и го издавале под закуп на други лица.
Пријавените на оштетениот Н.П. му предложиле нивните претходно направени трошоци за уредување на просторот според нивната пресметка од околу 100.000 евра да им ги исплати во рок од пет години, или просторот тие да го користат бесплатно во наредните четири години или пак просторот да им го продаде по иста цена по која го купил од Македонската православна црква, односно 264.000 евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град