Деновите на Македонската Фотографија претставуваат пресек на македонското фотографско творештво во изминатата година.
Деновите на Македонската Фотографија претставуваат пресек на македонското фотографско творештво во изминатата година.
Поставката брои стотина фотографии, а ќе бидат доделени и серија награди и дипломи за најуспешните трудови и автори, како и специјалната награда ,,Благој Дрнков”.
Овогодинешните добитници на наградите се:
Прва награда за фотографија – Трајче Атанасовски од ФК Елема,Скопје, за фотографијата – Hard to explain, втора награда за фотографија – Филип Филиповиќ од ФК Кастрон, Охрид, за фотографијата – Aurora и трета награда за фотографија – Димитар Чунговски од ФКК Битола, за – Вселенско летало.
Првата награда за колекција ја доби Божидар Барлакоски од ФКК Прилеп за фотографиите – Grand meister, Најдобри другари и Шармер. Втора награда за колекција – Владимир Арсовски од ФК Елема, Скопје, за колекцијата – Flamenco dancer. Трета награда за колекција – Еџе Али за колекцијата – Надвор од времето. Дипломи за колекција ќе добијат – Дејан Колевски и Филип Филиповиќ.
Специјалната награда ,,Благој Дрнков” ќе и биде доделена на Татјана Ранташа, ФК Елема, Скопје за фотографијата – Носии 1.
Во категоријата Младинска фотографија првата награда ја доби Мики Николоски од ФКК Прилеп за – Дете 2, додека дипломи ќе бидат доделени на: Ана Андонова и Ханис Багашов.
52-рите Денови на Македонската Фотографија, започнуваат на 05.Јули.2014, сабота, со почеток во 20:00 часот, во просториите на Мултимедијалниот центар ,,Мала Станица”.
Деновите на Македонската Фотографија се одржуваат во рамки на манифестацијата ,,Скопско лето” 2014, а ќе бидат пропратени и со уште две изложби.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град