Дваесет дена подготовки, пет контролни натпревари, четири победи, едно реми, два пехара, празници, повреди. Нашите најдобри ракометари минаа низ се што е вообичаено на патот кон Хрватска и второто мундијалско учество.

Нема изненадување на списокот на селекторот Темелковски, засега во резерва ќе останат Златко Мојсовски, Недановски, Митревски и Стојанче Стоилов.
Добрата работа и триумфите позитивно ја градат атмосферата. Се е според предвиденото, трите последни дена и пет тренинзи пред заминувањето за Вараждин треба да ја најдат фината глазура на формата.
„Она што го зацртавме во овој циклус од пет натпревари за две недели подготовки, тоа и го исполнивме. Јас сум задоволен од доприносот, дисциплината и се она што го пружија ракометарите“, изјави Илија Темелковски, селектор на македонската репрезентација.
Имаме доста фонд на играчи коишто треба да ги ротираме и онаа минутажа која ќе ја поминат на терен да биде максимална од нивна страна“, додаде Темелковски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град