13ти Канео фест

Фестивалот на новокомпонирани македонски песни, Канео Фест годинава по 13ти пат на летната сцена на Долни Сарај. Преку триесеттина песни на фолк и поп вечерта, но и многу ревијални настапи на познати музички имиња од македонската сцена.

 |  Мишел Наумоски  | 
kaneo fest 2014
канео фест 2014

13ти Канео фест. Овој познат охридски фестивал на новокомпонирани македонски песни ќе се случува две вечери и тоа фолк и поп вечер, на кои, ќе настапуваат познати имиња од македонската музичка сцена. Освен натпреварувачкиот дел, на фестивалот ќе има и бројни ревијални настапи.

Kaneo festПосетителите ќе можат да ги слушнат Дарко Илиевски, Влатко Илиевски, Симона Попоска, Денис Мурат, Боби Мојсоски, Климент Стојаноски, Јордан Митев, Благица Павловска, Спасен Силјановски и многу други изведувачи.

„Стручното жири ќе го сочинуваат исклучиво професори по музика кои што ќе ги оценуваат натпреварувачите. Натпреварувачите исто така ќе бидат оценувани и од публиката, која ќе гласа со самите влезници кои воедно ќе претставуваат гласачко ливче. Изведувачите добиваат прва, втора и трета награда од жири, прва, втора и трета награда од публика и секако гран при наградата.“-рече уметничкиот директор на фестивалот, Кристина Алексиеска.

Извршниот директор на фестивалот, Јован Трпески вели дека Канео фест годинава доцни околу една недела поради зафатите на летната сцена на Долни Сарај, на која беше монтиран покрив.

scena Kaneo fest„Со оглед на тоа дека и сцената за прв пат проработува, новата сцена, се надевам дека отворањето ќе си добие специфичен белег, белег на две работи, отворањето на сцената и почеток на фестивалското лето во Охрид. Велам почеток на фестивалското лето во Охрид зашто ова е вистински фестивал, не е ревијален, не е комерцијален, а во вистинските фестивал како да сме први.“-вели извршниот директор на Канео фест, Јован Трпески.

„Канео фест“ ќе се одржи на 3ти и 4ти јули на сцената на Долни Сарај, со почеток во 21 часот. Влезниците чинат 100 денари за фолк вечерта која ќе се одржи на 3ти, а 150 денари за поп вечерта која е следниот ден, на 4ти Јули. Истите можат да се набават на продажните пунктови на градскиот плоштад, како и во просториите на телевизија Морис, која годинава е и организатори на фестивалот.

Во помагачите на Канео фест, се најде и општина Охрид која го обезбедува озвучувањето за фестивалот, информираат организаторите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top