Паркинг просторот кај капетанија- само за околните куќи

Ова паркиралиште ќе биде од затворен тип, односно него ќе можат да го користат жителите кои гравитираат во негова близина, а кои за таа цел поднеле барање до локалната за право на користење.

 |  Мишел Наумоски  | 
parking Kapetanija
паркинг Капетанија

Паркингот кај капетанија повеќе нема да биде слободен за паркирање. Со изгласувањето на предлог одлуката за отстапување на истиот од локалната на ЈП „Билјанини извори“, овој паркинг доби и нова намена. Иако тоа не беше наведено во самата предлог одлука, паркингот ќе добие статус на затворен паркинг и него ќе можат да го користат само жителите кои гравитираат во неговата непосредна близина. За таа цел, група на граѓани поднеле и барање до локалната самоуправа за да можат да го користат овој паркинг за одреден месечен надомест.

parking Tabana„Апсолутно поведени од нивната иницијатива, пристапивме кон подготовка на одлуката и во договор заедно со нив се усогласивме тој паркинг простор да биде искористен исклучиво за нивните потреби, тие ќе си склучат договор со јавното претпријатие „Билјанини извори“ и ќе може како жители од тој дел на градот да си ги паркираат сопствените возила. Овој паркинг простор намената не му е да работи комерцијално со наплатувачи и со наплаќање туку паркинг просторот ќе биде анеменет исклучиво за жителите и нивните возила од тој дел од градот.“-вели секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.

За советниците од опозицијата, нејасен начинот на одредување кои граѓани ќе добијат паркинг место, ниту пак каков ќе биде статусот на овој паркинг откако ќе се склучи договорот за јавно-приватно партнерство за стопанисување со паркинзите во градов.

zatvoren parking„Ако зборуваме за еден дел од жителите е, за кој дел од жителите? Кои улици се опфатени?Ако точно наменски се знае за кои куќи станува збор, точно наменски во самата одлука требаше да биде наведено, дека ЈП „Билјанини извори“ ќе стопанисува и ќе обезбеди паркинг места за куќа со број пример 42 на улица „Коста Абраш“ за тие паркинг места и тогаш ќе се потпишат договори. Мислам дека не може овде да зборуваме дека ќе се обезбеди паркинг простор само за тие жители што се околу. Ако правиме паркинг од затворен тип, треба да е точно наведено во одлуката.“-рече советникот од ВМРО Народна партија, Јоне Станкоски.

Инаку овој паркинг простор се наоѓа веднаш до зградата на Капетанијата на пристаништата на Република Македонија, но сеуште нема обележано паркинг места, а точната бројка ќе се знае дури откако ќе биде завршено обележувањето.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top