Семејството Арслан бара спас од градоначалникот на Охрид

Денес потестираа пред општинската зграда. Градоначалникот Петрески е заинтересиран да му помогне на семејството,  откако ја слушнал сторијата за него,  на нашата ТВ куќа.

 |  Билјана Колоска  | 
Ateme Arslani
Атеме Арслани

Денес потестираа пред општинската зграда. Градоначалникот Петрески е заинтересиран да му помогне на семејството,  откако ја слушнал сторијата за него,  на нашата ТВ куќа.

Судбината на семејството Арслан е во рацете на градоначалникот на Охрид Александар Петрески. 4 членото семејство за кое ТВМ ексклузивно информираше, од вчера нема дом. Поради неплатената кирија за станот во кој престојуваа, сопствениците на куќата безмилосно ги истераа од истата. Од вчера тие спијат под отворено небо. Мајката Атеме заедно со трите деца утринава протестираа пред општинската зграда во Охрид. Бараат од градоначалникот Петрески да им помогне да го решат  стамбеното прашање. Бидејќи првиот човек на Охрид бил отсутен, четиричленото семејство било примено од страна на  секретарот.

„Секретарот ми предложи да најдам една соба и тие ќе ми ја плаќаат киријата. Јас ќе ја прифатам оваа понуда но тоа да биде привремено решение. Доколку не ми најдат трајно решение ќе протестираме до крај“-вели мајката Атеме Арслан.

Таа стравува како ќе ја поминат и оваа ноќ. Вели, оставени сме на божја воља, и верува оти ќе се најде спас за нивната мака.

„Ако најдам соба добро, ако не,  тогаш ќе пресипијаме во општинската зграда. Доколу никој нема милост нека не остават и надвор да преноќиме“-додава  Арслан.

semejstvo ArslaniОд општина Охрид не информираа дека се заинтересирани за помош на ова семејство по објавувањето на сторијата на ТВм. Рекоа дека од петокот па наваку, градоначалникот упорно бара начин како да им помогне.

Доколку Петрески не може да му излезе во пресрет на семејството Арслан, тие најавија дека ќе бараат друг излез. Следниот потег ќе биде посета на претседателот на државава и премиерот на владата на Р.Македонија,  со цел да ги информираат за нивниот потег.
За потсетување, Атеме е мајка на три деца, нејзиниот сопруг е починат пред 1 година. Од тогаш пресушува изворот на егзистенција. Атеме е самохрана и невработена мајка.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top