Започнува Интернационална летна школа за архитектура и дизајн.
Од денеска во Охрид започнува Интернационална летна школа за архитектура и дизајн во што во организација на Универзитет Американ Колеџ Скопје – Факултет за Архитектура и Дизајн веќе втора година се одржува во рамките на активностите на Охридско лето.
Во рамките на Интернационалната летна школа за архитектура и дизајн во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ предвирени се повеќе активности.
Врвни светски експерти од областа на архитектурата ќе дебатираат на тема ,,Преобмислување на метаболизмот ,, . Меѓу нив и познатите хрватски архитекти Винко Пенезиќ и Крешимир Рогина.
Свечено отворање на Летната Школа е утре во Центарот за култура Григор Прличев со почеток од 20 часот. На свеченоста ќе присуствуваат и Токиските архитекти, Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима, кои го имаат формирано едно од најиновативните архитектонски бироа денеска. Според нив суштината на Метаболизмот не е во внатрешното функционирање на изолираните објекти, туку во хоризонтална експанзија на урбано ниво. Тие воспоставуваат концепт на „Празнински Метаболизам“кој опфаќа делови од урбаната регенерација во Токио. Новата генерација на куќи во Токио, кои тие ги создаваат, се базирани на разбирање за однесувањето на станбената архитектонска типологија во Токио во 20-тиот век.
Од Американ Колеџ информираат дека тие ја градат својата кариера спротивставувајќи се на предизвиците на дејствување во густите урбани средини.
-Нивните градски куќи, пропратени со вибрирачки, идиосинкретични форми се препознаваат по нивниот капацитет да ги примат променливите потреби на оние кои ги населуваат. Во Аtelier Bow-Wow постои посебен истражувачки оддел, кој до сега има објавено бројни расправи за вернакуларната архитектура. Тие исто така повеќе пати изложуваат на Венециското Биенале, велат од Факултетот за Архитектира и Дизајн- Скопје.
На Летната Школа која ќе трае наредните седум дена ќе стане збор за Архитектурата која несомнено обезбедува заштита на организмите, но воопшто не постои потреба таа сама да претставува организам.
„Архитектурата може да се споредува со човечкото тело, кое е составено од мускулатура и скелет. Но, за да функционира човечкото тело, потребен му е мозокот, кој не телото му кажува што да прави. Всушност, истото е и со архитектурата. Физичкото, видливото е контролирано од невидливото, мислата, невидливата супстанца. “ – велат експертите.
Метаболизмот е длабоко вкоренет не само во јапонската, туку и во во македонската архитектура, пред се преку Кензо Танге и неговиот конкурсен труд за обнова на главниот град Скопје по земјотресот на 26-ти Јули, 1963 година. Низ годините, градот Охрид се развивал според своите „метаболистички“ принципи. Идејата на оваа работилница е да се истражат токму тие принципи и да се откријат начини за нивно акцентирање, подобрување или менување за доброто на граѓаните и гостите на оваа прекрасна населба.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град