Три дена „Бело лето“ во Охрид, главна атракција, групата Нокаут

Иако  лани беше најавено дека годинешната манифестација ќе се одржи порано, во јуни, датумот скоро идентичен како лани. Од секторот за туризам и локален економски развој велат дека тоа е поради светското првенство во фудбал и  временските неприлики.

 |  Мишел Наумоски  | 
belo leto 2014
бело лето 2014

Второ, „Бело лето“ во Охрид. Оваа манифестација која е во организација на локалната самоуправа од Охрид и секторот за туризам и локален економски развој ќе трае три дена во кои угостителските објекти во градов ќе имаат продолжено работно време и попуст на услугите кои ги нудат. Минатата година, од секторот за тлер се пофалија на голем одзив за учество во манифестацијата од околу 90ина угостителски објекти, но годинава не кажаа конкретна бројка ниту пак колку се задоволни од одзибжвот на угостителскиот еснаф . Манифестацијата „Бело лето“ годинава се одржува по втор пат, а првиот пат кога се организираше истата, од локалната рекоа дека за оваа година планираат истата да се случи порано, крајот на мај или почетокот на јуни со цел да се продолжи летната туристичка сезона.

ugostiteli plostad„Не сум сигурен дека сме изјавиле дека ќе биде многу порано. Нашите предвидувања и изборот на датум се базира пред се врз основа на временските прилики кои што во изминативе две-три недели воопшто не беа идеални за организирање на ваква манифестација и сметам дека изборот е сосема логичен, бидеќи на 6ти јули започнува Балканскиот фестивал на народни ора, така да во тој викенд градот ќе пулсира со повеќе настани што всушност и дава поголема тежина и на целата манифестација „Бело лето“, а од друга страна се збогатува туристичката понуда со која ќе привлечеме се надевам туристи за барем еден викенд во овој вонсезонски период од годината да го наполниме Охрид.“-вели Ѓоко Апостолов од Секторот за туризам и локален економски развој.

belo leto ugostiteliГлавни ѕвезди на годинешното „Бело лето“ ќе бидат момците од групата Нокаут кои ќе одржат целовечерен концерт, а освен нив ќе настапи и еден ди џеј.

„Со оглед на финансиската состојба на локалната самоуправа ние мора да го избереме во овој момент она што ни е пред се финансиски поволно, а се разбира мислам дека Нокаут во моментов и со објавата на нивниот нов албум кој во понеделник се промовира, дека во моментов е правилен избор за сите посетители на градот кои сакаат да присуствуваат на добра забава имајќи предвид дека пред две години го наполнаа Античкиот театар и тоа со еден комерцијален концерт“.-рече Апостолов.

belo leto NokautОсвен нив, дел од манифестацијата ќе бидат и охридските занаетчии кои ќе ги нудат своите производи на штандови и каде посетителите ќе можат да се запознаат со традиционалните охридски занаети. Иако повикот од локалната до угостителите за спонзорство  и учество во мафестацијата  начелно бил прифатен од најголемиот број угостители,  одреден дел од нив не и излегле во пресрет на локалната, вели Апостолов. Инаку и оваа година, како и лани, одреден број од угостителите кои ја поддржале манифестацијата „Бело лето“ ќе нудат попусти на своите услуги од 10 до 30 проценти и истите ќе бидат означени со посебни маркери пред самите угостителски објекти. Во текот на трите дена во кои ќе се одржува „Белото лето“, угостителите ќе работат со продолжено работно време.

Инаку концертот на Нокаут ќе се случува на 4ти Јули во петок, на градскиот плоштад со почеток од 21 часот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top