Eзерската и граничната полиција подготвени за спасување на вода

Денес на малото пристаниште спроти хотелот Палас тие демонстрираа дел од вештините стекнати во текот на тридневната обука за спасување на давеници и интервенции на вода.

 |  Мишел Наумоски  | 
spasuvanje voda
спасување вода

Припадниците на граничната и езерската полиција од Охрид одлично се покажаа во спасување на вода. Денес тие демонстрираа дел од стекнатите вештини во тридневната обука која инструкторите од операцијата „Флоријан“ и Црвениот крст од Охрид ја спроведуваа токму за нашите полициски службеници.

policaec spasuvanjeТие успешно извлекоа давеник од водите на Охридското езеро, третираа отворени рани, даваа вештачко дишење на бебе. Сето ова беше дел од нивната денешна демонстрација која се случуваше на малото пристаниште спроти хотелот Палас.

„Оваа обука значително ќе придонесе во професионалното, ефикасно и ефективно справување на полициските службеници со случаи на давеници во водите на Охридското Езеро и навремено пружење на прва помош. Инаку полициските службеници од граничната полиција се во постојан едукативен процес. Целта е да се обезбеди максимална безбедност на вода и мирно лето за охриѓани, но и за туристите во градот.“-вели портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.

Тридневниот тренинг на полициските службеници го спроведуваа високо обучените инструктори за спасување на вода од операцијата „Флоријан“ од Манчестер, Англија.

obuka spasuvanje voda„Донесовме со нас нови истражувања од Велика Британија па го обучувавме Црвениот крст со кој имаме добра соработка и тоа во изминатите шест години, па секоја година носиме нови стандарди и начини на работење. Имаат одредена опрема, но секогаш е потребно повеќе опрема. Донесовме со нас нови дефибрилатори, но се надеваме дека ќе донесеме уште нова опрема“.-рече Роуз Воткинс-инструктор-операција „Флоријан“

Претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точков, вели дека освен новите знаења кои ги носат луѓето од Англија, тие преку целата година ја негуваат добрата соработка со СВР Охрид со слични вакви обуки. Додава дека со добра координација, ова во многу голема мера ја олеснува нивната активност во водите на Охридското Езеро.

„Полицијата, езерската полиција е постојано во водите, во случај на инцидент. Нашите спасителни тимови и покрај мобилноста со чамците, сепак се повеќе на брегот и ги обезбедуваат капалиштата, но се она што се наоѓа понастрана во заедничка координација ќе делуваат и граничната и езерската полиција. Секогаш можете да најдете педалинка која е два километри од брегот и која е залутана од бранови, од ветар. Тука е езерската и граничната полијција која ќе интервенира и ќе може да ги извлече тие луѓе доколку има потреба.“-изјави претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точков.

Инаку слична вежба како оваа денешната, токму на малото пристаниште ќе се случува и во недела, на 29ти Јуни кога ќе учествуваат и противпожарните служби и полицијата и Црвениот крст од Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top