Од 1 јули почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на езерото.
И ова лето забраната за скутерите важи во периодот од 11 до 19 часот. Од охридската капетанија објаснуваат дека во овој временски интервал е најголемата фрекфенцијата на капачи па затоа ќе се воведуваат засилени контроли како не би дошло до некоја несакана незгода. Капетан Горан Устијаноски вели дека колку што е во нивна можност ќе дејствуваат едукативно и превентивно, но апелира управувачите на пловилата строго да се придржуваат до законите прописи, а доколку не се почитуваат од страна на инспекторите ќе следува забрана за пловидба, дециден е првиот капетан во Капетанијата на пристаништа на Република Македонија Горан Устијаноски. Одлуката за ограничено движење на скутерите ќе биде на сила до први септември годинава.
Чамците, пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот. За непочитување на одлуката предвидена е глоба од 800 евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град