„15 години , Езерото против другите демони“

Не дека пред тоа немаше борба,но 15 години од првиот 21 Јуни- Ден на Охридско Езеро сепак е веќе традиција. Во време кога се уништуваат вредности,кога е тешко да се создадат нови позитивни датуми и традиции,Охридското Езеро го издржува и тој притисок на несвесноста. Притисокот на демоните на неразбирањето, на некомуникацијата, на некоординација, кои му штетат.

 |   | 
lake
lake

 

 lake

 

When you feel my heat,

 look into my eyes

 it’s where my Demons hide

 it’s where my Demons hide

 (Imagine Dragons)

PanoskiНе дека пред тоа немаше борба,но 15 години од првиот 21 Јуни- Ден на Охридско Езеро сепак е веќе традиција. Во време кога се уништуваат вредности,кога е тешко да се создадат нови позитивни датуми и традиции,Охридското Езеро го издржува и тој притисок на несвесноста. Притисокот на демоните на неразбирањето, на некомуникацијата, на некоординација, кои му штетат. Дали ние кои го создадовме овој Ден ќе го издржиме таквиот притисок или не, сега  станува тотално небитно , битно е само дека Езерото издржува и ќе издржи уште многу денови,години, јубилеи, генерации. Пред 15 години, ние неколкумина од двете страни на Езерото, сакавме да создадеме ,,нешто” преку креација на еден ваков Ден на нашето Езеро. Сакавме да ги срушиме бариерите и оние административните и оние во човечките глави од двете страни. Денес, 15 години потоа, сме и сфатени и несфатени. Но Денот е тука, остана да се прославува како симбол на грижата за Големата вода без која ќе не немаше овде и сега.

Никогаш не пишувам за епитетите, убавините, прекрасноста, вредностите, бендисаноста и сличните наши демони. Пишувам за грижата за Езерото кое прашање лебди над сите нас уште многу пред овие 15 години од Денот. Лебди и над нас кои работиме за него и на оние кои работат против него. Единствен одговор кој може да се даде, а да биде точен, е дека битката за неговата заштита ќе биде бескрајна и вечна , но затоа уништувањето може да биде во еден единствен миг,во една секунда. Битката за заштита има нови димензии и интензитет преку нови проекти, нови иницијативи и статуси на заштита. Добивме огромна шанса за заштита и развој преку новиот статус на Биосферен резерват на УНЕСКО, статус кој е добиен пред 10 дена, акламативно поддржан со честитки од светската заедница. Овде кај нас повеќе ќе имаше радосни и повеќе ќе имаше публицитет ако не успеевме да го добиеме тој врвен статус отколку сега кога тој е добиен. Новиот статус не создава нови бирократски граници, нови забрани, нови регулативи и не ги спречува човековите активности во регионот. Напротив, ги промовира, секако оние одржливите затоа што суштината е да се земе од природата онолку колку што таа може да издржи и обнови. Токму тој  пристап кон новообезбедената универзална вредност го отсликува моментот на вечноста на битката за заштита од една и демонот на самоуништувањето од друга страна.

Другата критична димензија на заштитата е системот кој ги колектира отпадните води. Системот е во тешка состојба и секоја нова хаварија може да има несогледливи последици. Добрата вест е што со помош на јапонски експерти е направено истражување на сите недостатоци и ќе се предложи физибилити студија со приоритетни решенија. Тешката работа е што ќе треба време и многу многу средства за рехабилитација на системот и неговото довршување.Исто како што зема многу време да се санираат притоките и нивното влијание. А најтешкиот дел од се е што некогаш странските експерти и обични граѓани, делуваат многу позагрижени отколку што е  домашната јавност и институции. Ние ќе ужуваме во придобивките од водата додека не се случи хаварија врз Езерото. Додека не се излее цел систем, додека притоките не донесат невидлива опасност, додека не се излее гориво и масла од силните моторни чудовишта во езерото. Тогаш нормално сите ќе бидеме многу загрижени, ќе излеземе крај езерото, ќе држиме говори и ќе се сликаме. За крај.

Ги напоменав овие два-три елементи како поголеми, поглобални опасности. Има уште милион опасности кои демнат наоколу и тивко ја загрозуваат еколошката состојба. Но,најголемата опасност секако се луѓето и нивните демони. Демонот на незаинтересираност, демонот на деструкција врз квалитетот на средината и водата, демонот за уништување на рибниот фонд, демонот на сечење на шумите, демонот за деградирање (најчесто урбано) на земјиштето околу езерото па дури и она кое е составен дел на истото. Тоа се демони кои тешко се запираат и против кои тешко се води еколошка битка. Почитуваниот стружанец Димче Тале секогаш велеше,, Не знам што имам во абдоменот,но знам што има во Езерото”. Денес знаеме секојдневно што ставаме во абдоменот во големи количини ама несакаме да  знаеме ништо што има во Езерото. Екологијата е сеуште на дното на општествените приоритети и случувања. Во еко-борбата нема сликање, таму е нечисто, загадено, непријатно, демонско.

Наше беше,како и на оние предходно, да се бориме овие 15 години од Денот до сега. Не се шетавме залудно, не правевме конференции залудно, не паничевме залудно, туку  успеавме со мака да  донесеме некои реални процеси и активности и некако да влијаеме врз јавната свест и со тоа да ги растеруваме демоните. И иако во моментов оние кои се на страната на деградирањто и другите слични демони, мислат дека се големи победници во голема грешка се. Никогаш нема да победат. Не заради нас неколку,туку затоа што природата ,Езерото, во било каква варијанта на крајот на приказната ќе го возврати ударот и ќе победи над се, колку и драматично,сурово,катастрофично да изгледа таа победа. Не залудно останала и пораката на еден од индијанските поглавици кој рекол: ” Кога ќе се исечат сите шуми кога ќе се секнат сите води и кога ќе се уловат сите риби, тогаш ќе сфатиме дека не може да се јадат парите” .

Охридското Езеро било и ќе биде. Ќе се сменат само генерации кои разбрале или не разбрале. И овие 15 години од прогласувањето на Денот, беа доволни да видиме кои се кои, да видиме дека не има различни. Но, фактот дека и по 15 години сепак го славиме Денот на Езерото и дека сме создале традиција, е мала и горда победа на малата но горда екосвесна заедница. Секоја прославена година, секоја донесена иницијатива , проект, статус на заштита придонесуваат таа победа на екосвеста да расте и да биде секој ден се поголема и поголема. И заради тој факт вреди се, вреди секоја борба за да се стигне до таквите победи во име и за заштита на Големата наша вода. Борбата за таквата универзална вредност нека го направи вечен Денот на Охриското Езеро, затоа што тоа е Денот на неговата победа над сите демони.

 

Дејан Пановски

Билатерален Секретаријат за Охридско Езеро

**Ставовите изнесени во колумната,  се ставови на авторот кои редакцијата на Телевизија ТВМ  само ги пренесува. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување  е исклучиво на авторот. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top