Во Охрид, Вмро Народна партија на престојните локални избори на 22 март ќе излезе самостојно.
Во Охрид, Вмро Народна партија на престојните локални избори на 22 март ќе излезе самостојно.
За 10 –тина дена ќе биде и официјално соопштено името на кандидатот за градоначалик, изјави в.д.претседателот на оваа партија, Марјан Додовски. Тој додаде дека тоа се должи на големиот успех постигнат на минатите локални избори , а нивните очекувања се успхот да се повтори и на престојните пролетни избори.
Од ВМРО НП се сигурни дека гласовите на нивното гласачко тело на престојните локални и претседателски избори ќе бидат одлучувачки фактор. На прашањето дали Љубчо Георгиевски ќе се врати на политичката сцена, Додовски со одговор дека од нивниот лидер и почесен претседател имаат целосна подршка во нивните активности и неговиот ангажман на локалните избори ќе биде забележителен.
Од ВМРО НП нема да настапат со свој претседателски кандидат туку ќе ги разгледаат сите можности од имињата на кандидати кои се вртат во јавноста. Дополнително ќе објават на кој претседателски кандидат ќе му ја дадат нивната подршка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град