Ова лето нема пченки и крофни на градскиот плоштад

Градскиот плоштад оваа година нема да биде затрупан со сувенири, фрижидери за сладолед и тезги, ветуваат од општинскиот инспекторат.

 |  Јаковлева Лионела  | 
urbana oprema
урбана опрема

Доколку летово ви се пријаде печена прченка или американскурбана опремаи крофни ќе мора дома да си направите бидејќи надвор ќе нема каде да купите. Општинскиот инспекторат во овогодинешната програма за поставување на урбана опрема не предвиде локации за продажба на храна на отворен простор. Нема да може да се купи ниту скара по тротоарите како што тоа беше случај минатите лета. Подготвување и продажба на храна ќе може да се врши само во затворен простор кој ги задоволува сите стандарди за тоа.

Не е дозволено продавање храна по тротоари и на плоштад. Доколку се затекне таква појава  сопствениците ќе бидат санкционирани и објектите ќе бидат отстранети, вели Милески.

Градскиот плоштад оваа година нема да биде затрупан со сувенири, фрижидери за сладолед и тезги, ветуваат од општинскиот инспекторат.

На градскиот кеј и плоштадот оваа година не се издадени локации за продажба на суве3нири бидејќи за тоа имавме поплаки од граѓаните дека го нагрдуваат просторот. Нема да се издаваат локации се додека нае се изработат унифицирани тезги кои во соработка со за урбанизам ќе се постават на локации кои нема да го нагрдуваат просторот и да го попречуваат движењето на пешаците, вели Николче Милески, од Секторот за урбанизам. urbana oprema

Милески објаснува дека ова лето нема да има унифицирани тезги бидејќи три јавни повици од Локалната пропаднале, но кажува дека нема да се откажат од таквата замисла и повторна ќе распишат јавен повик. Се надеваат дека наредното лето ќе се реализира овој проект на Локалната.

Инаку, и ова лето книги и уметнички слики ќе се продаваат на просторот помеѓу Амамот и обложувалницата Спорт лајф, сувенири ќе можат да се купат на плоштадот кај Чинарот, а детските реквизити ќе се постават на улицата помеѓу хотел Палас и депандансот која ќе биде затворена за сообраќај.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top