Кој каде ќе го продолжи основното образование. Ова прашање се почесто се поставува деновиве. Во нашиот град има три среднообразовни центри и секој од нив нуди различни можности за идните средношколци.
Заврши учебната година. Со тоа завршуваат и маките на учениците, но оние кои треба да го продолжат образованието во средните училишта ги чека уште еден напор. Пред да го направат изборот треба добро да размислат што ќе е најдобро за нив и каква ќе биде нивната професионална иднина. Во нашиот град има три среднообразовни центри. Секој од нив со свои специфичности и понуда. Во гимназијата Св. „Климент Охридски“ вообичаено се запишуваат околу 400 ученици. И годинава остануваат истите паралелки, осум гимназиско образование, четири економска струка и една медицинска паралелка. Новина е што од годинава економското училиште и медицинската паралелка се одделуваат од гимназизското. Уписите се на 23 и 25 јуни.
–Во ланската година паралелките броеја околу 25-27 ученици се надевам тој број ќе го запазиме и оваа година, вели директорката на гимназијата Вера јовческа.
Друга можност за продолжување на образованието на основците им нуди ЕМУЦ Св. „Наум Охридски“. Во овој стручен среднообразовен центар обично се запишуваат околу 400 ученици. Запишувањето се реализира во два уписни рока јунски и августовски. Во јуни има две пријавувања. Првото е на 23 и 24 јуни, а второто на 30 јуни и 1 јули. И оваа година остануваат истите образовни профили и плус уште три нови од тригодишното образование. Тоа е автомеханичар од машинската струка и електромеханичар и електроинсталатер и монтер од електротехничката струка.
–Со овие нови профили од тригодишното образование кои ги имаме по конкурс верувам дека ќе привлечиме ученици и акцент во иднина да се стави на техничкото образование и сите оние занаети кои и тоа како и се потребни на нашата држава, вели директорот на ЕМУЦ, Јане Цаноски-.
И средното угостителско училиште Ванчо Питошески подготвено е за новите уписи. Очекуваат да запишат околу 300 ученици во четирите паралелки келнери, готвачи , хотелско туристички техничари и хотелски техничари како и во двете нови дисперзирани спортски паралелки за фудбал и ракомет,
-Се преставивме и се презентиравме во сите градови, Охрид Струга, Дебар и има голем интерес кај учениците особено за спортските паралелки, вели директорката на угостителско, Весела Темјаноска .
Запишувањето и во ова стручно училиште ќе се одвива на 23 и 25 јуни. Останува учениците дотогаш добро да размислат и да го направат вистинскиот избор за себе.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град