Вештачка и компјутерска интелегенција за подобро предвидување на иднината

Според професорот Фернандо Нето од Универзитетот Пернамбуко од Бразил, вештачката интелегенција во иднина ќе им помага на владите во употребата на јавните ресурси, обезбедувањето на јавните услуги.

 |  Мишел Наумоски  | 
AI
вештачка интелегенција

Вештачка и компјутерска интелегенција за подобро предвидување на иднината. Развојот на компјутерските технологии досега понудил огромни можности за развојот на општествата, но она што ќе го понуди за иднината е толку големо што тешко е дури и да се замисли. Професор д-р Фернандо Нето од Универзитетот во Пернамбуко-Бразил, кој работи на применета вештачката интелегенција смета дека таа како концепт и како наука може да најде примена во многу аспекти од животот.  

robot„Можете да создадете компјутери кои личат помалку на роботи, па да можат да учат од вашето однесување, да можат повеќе да предвидуваат што би бил следниот чекор. Исто и во областа на бизнисот можат да генерираат извештаи за носителите на одлуки кои се многу пред времето. Јас секогаш кога сакам на луѓето да им објаснам што би значела вештачката интелегенција им велам дека тоа е како да се гледа во ретровизорот од автомобилот, гледате извештаи од минатите месеци. Нели би било одлично ако може да обезбедите информации за иднината ?“-вели професор д-р Фернандо Нето од Универзитетот од Пернамбуко-Бразил.

Според проф.д-р Нето, најубавата работа околу вештачката интелегенција и компјутерската интелегенција е тоа што таа не бара посебна платформа или посебна инфраструктура за да се развива, туку дека за неа е доволно само да се промени начинот на решавање на проблемите.

vestachka intelegencija„Ние може на пример да користиме социјални мрежи и социјална симулација за да пробаме да произведеме системи за поддршка во носењето на одлуки, да им помогнат на Владите подобро да ги употребуваат јавните ресурси. Каде да се отвораат болници, училишта или како да ги обезбедуваме јавните услуги. Тоа е една можност. Другата можност е да се обезбеди интеграција со индустријата, бидејќи таа ја движи економијата. Тогаш ние како академици треба да одиме рака под рака со индустијата и да се обидеме да ги решиме проблемите кои индустријата ни ги претставуваат нас, академиците. Вештачката интелегенција има многу важна улога.“-рече тој.

Инаку професорот Нето неодамна престојуваше во Охрид каде одржа и свои предавања пред студентите на Универзитетот „Свети Апостол Павле“. Според него, овде, врската помеѓу студентите и професорите е многу силна и дека тоа е добра основа за развој на идните академски граѓани.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top