Хуманоста на дело

По повод Светскиот ден на крводарителството  Охридскиот Црвен крст утре организира крводарителската акција. Во рамките на оваа активност ќе се одвива и хуманитарната акција „Заедно за еден детски живот“. Под ова мото вечерва во спортската сала „Билјанини Извори“ ќе се одржи и хуманитарен ракометен натпревар на кој ќе играат поранешните и актуелните ракометари на РК „Охрид“.

 |  Јаковлева Лионела  | 
logo
Лого

По осми пат Охридскиот Црвен крст организира крводарителската акција по повод Светскиот ден на крводарителството. Акцијата ќе се спроведе утре од 09:00 до 16:00 часот во соработка со спортската обложувалница „Спорт лајф“ и охридското одделение на Институтот за трансфузиологија.заедно за детски живот

Во рамките на оваа активност ќе се одвива и хуманитарната акција „Заедно за еден дестки живот“ што ја споревдува охридската медиумска заедница, а во која Црвениот крст се приклучи активно од самиот почеток. И утре на пунктовите пред обложувалницата „Спорт лајф“ ќе бидат поставени наши волонтери со собирни каси во кои сите наши хумани граѓани ќе можат доброволно да донираат и да помогнат за спас на еден детски живот, вели претседателот на охридскиот Црвен крст Сашо Точков.

Посетителите на овај настан ќе се забавуваат со  културно-уметничка програма што ќе ја предводи пејачката Елена Ристевска и голем број пејачи од Охрид, додава Точков.
Под мотото „Заедно за еден детски живот“ вечерва во спортската сала „Билјанини Извори“ ќе се одржи и хуманитарен ракометен натпревар на кој ќе играат поранешните и актуелните ракометари на РК „Охрид“. Почеток е во 19:00 часот.
crven krst
Средствата од овој натпревар ќе одат  за акцијата „Заедно за еден детски живот“. На полувремето од овој натпревар ќе играат најмладите од ракометните клубови „Моби Дик“ и „Седмерец“, ќе има и музичка точка на која ќе се претстават најмладите хумани луѓе, децата од градинката „Јасна Ристеска“. Картите се пуштени во продажба. Ги продаваат волонтери на Црвен крст низ градот, а ги има и на влезот од спортската сала, појаснува новинарот Филип Јованоски.

Цената за овој ракометен натпревар е симболична и чини само 30 денари, додава Јованоски и апелира до граѓаните што помасовно да дојдат,а со тоа да помогнат да се врати една детска насмевка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top