Денот на екологијата одбележан во Основното училиште Св. „Климент Охридски“.
Со свечена програма и изложба со експонати изработени од хартија дечињата покажаа колку знаат за екологијата и колку се грижат за животната средина.
Основното училиште Св. „Климент Охридски“ со свечена програма и изложба со експонати изработени од хартија го одбележа светскиот ден на екологијата. Децата со повеќе активности се погрижија да покажат колку е важна животната средина и колку знаат за екологијата.
Педагогот Славица Илиќ вели дека одбележувањето на 5ти јуни е традиција во нивното училиште, но оваа година имаат причина повеќе. Училиштето е вклучено во многу еколошки проекти меѓу кои и имплементација на еколошката едукација во воспитно образовниот систем. Ова училиште е вклучено и во проектот „Зелени училишта“ како и во проектот за прекугранична соработка со Р. Албанија. Уште еден подпроект на училиштето е едукацијата на децата за да стекнат добри навики за селектирање на отпад и за рециклирање на отпадниот материјал.
–Ние се труидиме од најмалите одделенија да создаваме добри навики кај децата за екологијата и мислам дека постигнуваме успех во тоа. Тоа можеме да го видиме и по самото училиште и училишниот двор кој е многу чист. Тоа значи дека еколошката свест на учениците е на високо ниво, вели Илиќ.
Илиќ објаснува дека и во наовата училишна година ќе се вклучат во многубројни еколошки проекти и ќе го задрѓат епитетот на „Зелено училиште“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град