Се покриваат сцените на Антички театар и на Долни Сарај

Сцените на Антички театар и на Долни Сарај че добијат кров над глава. Интензивно се работи на поставување метална конструкција на овие два локалитети. Директорката на НУ  „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска задоволна од реализацијата на овој проект.

 |  Јаковлева Лионела  | 
krovna konstrukcija
кровна конструкција

Се покриваат сцените на Антички театар и на Долни Сарај. Деновиве интензивно се работи на поставување на метална конструкција на кровна конструкцијаовие два локалитети кои се најкористените и најпосетените отворени сцени на Фестивалот Охридско лето. Овие два проекти се изработени уште во 2013 год, вели директорката на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташески, а средства од Министерството за култура за започнување со нивна реализација биле издвоени оваа година.

И на двете сцени самите покривни конструкции ќе бидат изведени од челични решетки а ќе бидат покриени со плексиглас како најсоодветен материјал  кој нема да го нарушува амбиентот и интегритетот на спомениците, вели Паскали Бунташеска.

Директорката на НУ  „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска задоволна од реализацијата на овој проект. Таа вели дека оваа година ќе можат да бидат мирни и без страв дали ќе не послужат временските услови за самото dolnin sarajотварање на фестивалот кое по традиција се случува на Антички, но и за останатите збиднувања во текот на тој месец и половина додека трае самиот фестивал.

Правиме чекор повеќе, а тоа значи дека обезбедуваме соодветни сценско технички услови за сите тие видни уметници кои настапуваат на фестивалот и кои го зголемуваат неговиот рејтинг, вели Јанкуловска.

Директорката потенцира дека не е заборавена и публиката. За неа се обезбедени перничиња и кабаници доколку временските услови се неповолни. Најавува уште едно успешно издание на фестивалот со богата програма која ќе се обелодени нареднава недела.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top