ОУ „Св. Климент Охридски” Охрид активно учестува во многубројните еколошки проекти.
ОУ „Св. Климент Охридски” Охрид активно учестува во многубројните еколошки проекти. „Од неодамна тоа стана и дел од проектот „Од отпад до кеш : Одржив развој и економско зајакнување на неформалните собирачи на отпад преку рециклирање на отпадот во прекуграничниот регион со Албанија”.
Денес училиштето беше домаќин на студиската посета на претставниците од Република Албанија, учесници на овој проект. Учениците и вработените им ги презентираа на гостите многубројните активности во рамките на еколошката едукација на учениците, а посебно ги истакнаа своите проекти за селекција на отпадот и рециклирање на старата хатрија.
Инаку, овој проект е дел од Програмата на Европската Унија за меѓуграничната соработка помеѓу Република Албанија и Република Македонија и е финансирана од Европската Унија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град