Три лица се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 17 часот и 15 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на Ново село, инофрмираат од СВР-Охрид.
Три лица се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 17 часот и 15 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на Ново село, инофрмираат од СВР-Охрид.
Поради сериозноста на повредите, по првично пружената неопходна медицинска помош во болницата „Св.Еразмо“, доцна синоќа во ургентниот центар во Скопје испратени се П. К. (48) и С.П. (46) двајцата од Охрид. Во болницата „Св.Еразмо“ задржан е И.П. (24) од Охрид кај кого биле констатирани скршеници во левата натколеница.
Сообраќајната незгода се случила во момент кога патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.П. движејќи се во правец од Кичево кон Охрид, со цел да избегне директен судар со возило „Голф“ кое на полна линија од спротивниот правец претекнувало две товарни возила, излегло надвор од коловозот на десната страна и повторно се вратило на коловозната лента. Потоа со предниот дел удрило во задните леви тркала од товарно моторно возило марка „Ивеко“ со албански национални ознаки кое се движело во правец од Охрид према Кичево и се извртело на коловозот.
На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Охрид, овластен судски вештак како и полициски екипи. За време на увидот што траеше до 21 часот, сообраќајот беше пренасочен по локалниот пат низ Ново село.
По наредба на јавниот обвинител, врз патничкото моторно возило „Мерцедес“ ќе биде извршено дополнително вештачење и технички преглед.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град